Родман по 42 години се сретна со татко му
21.07.2012 09:09
| KumanovoNews
Денис Родман по 42 години се сретна со својот татко кого не го видел 42 години. Филандер во декември 1969 година се преселил на Филипини и немал никакви контакти со еден од најдобрите скокачи во историјата на НБА-лигата.
Тие двајца се сретнаа на еден егзибициски меч на Филипини, на кој Филандер се појави со капче на кое пишуваше:„Да, Денис Родман е мој син“. Кошаркарот не зборуваше премногу во ова триминутно дружење со својот биолошки родител, а дозна дека неговиот татко на Филипините има 29 деца од 16 различни жени.
Не го мразам човекот кој ме донесе на овој свет. Се сретнавме, поразговаравме и му реков дека сме пријатели – изјави Денис Родман.

