Мени

Сале сними дует со Бора Чорба

02.04.2013 09:46 | KumanovoNews

Пејачот познат по настапите во ноќните клубови и дискотеки низ Македонија, Сале Рокер, сними дует со Бора Чорба. Македонскиот изведувач, кој ги пее најпознатите хитови на најголемите поранешни ју-ѕвезди, минатата година и се посвети на соло-кариерата.

Сале сними дует со Бора Чорба

Досега ги сними рок-верзијата на познатата македонска традиционална песна „Лешочкиот манастир“, баладата „Сон“ и  „Пресуда“, на која соработуваше со Бора Чорба. Српскиот музичар го напиша текстот и заедно со Сале пее во српската варијанта и на новата рок-тема „Јас не сум луд“. Двете верзии на песните веќе се вртат на радиоетерот.

Во меѓувреме Сале за песната сними и видеоспот, чија промоција ќе се одржи деновиве.