Мени

Сашко Коцев и Смиљана во сабота стапнуваат на „лудиот камен“

18.09.2012 11:14 | KumanovoNews

Популарниот македонски актер Сашко Коцев и неговата вереничка, докторката Смиљана Бундевска в сабота ќе прават свадба, објави денеска „Вест“.

Сашко Коцев и Смиљана во сабота стапнуваат на „лудиот камен“

Според информациите на весникот, вљубената двојка решила да стапне на „лудиот камен“, а врнежливото време нема да ги спречи да ја направат долгонајавуваната веселба.

Сашко и Смиљана викендов беа во Битола, на промоцијата на филмот „Трето полувреме“, во кој Коцев ја игра главната машка улога.

Се уште се раскажува изненадувањето на Сашко кое и го направи на Смиљана, кога пред преполната Универзална сала, на одржувањето на „Златна бубамара на популарноста” ја побара за жена.