Мени

Се знае македонскиот претставник на Евровизија

25.10.2012 11:30 | KumanovoNews

Според неофицијални извори, наводно Македонската радио телевизија веќе има неколку имиња кои се кандидати за следниот избор за песна на Евровизија, кој ќе се одржи во Малме, Шведска 2013-та година.

Се знае македонскиот претставник на Евровизија

Меѓу нив, како најсериозен кандидат се шпекулира дека е пејачот Влатко Лозаноски – Лозано.

Колку оваа информација е вистинита останува да почекаме до февруари кога обично се објавува името на нашиот претставник. Следно што очекуваме е да се отфрлат овие шпекулации од двете страни.

Колку за потсетување оваа година Македонија за прв пат влезе во финалето на Евровизија по 2007-та година, со „Црно и бело“ на Калиопи.