Мени

Шер се мажи за 24 години помлад дечко

22.08.2012 10:17 | KumanovoNews

Пејачката Шер (66) наводно ќе се мажи за својот дечко моторџијата Тим Медветз.

Шер се мажи за 24 години помлад дечко

Шер и Тим наесен ќе одат на патување низ Америка со мотор, а нивната авантура ќе кулминира со венчавка во капела во Лас Вегас-изјавил нивни пријател за „National Enquirer.“

Шер и Тим беа во врска пред неколку години и во 2008 за малку ќе се венчаа, но церемонијата не се одржа поради зафатеноста на Шер со настапи и концерти.

По раскинувањето пејачката изјави дека веќе никогаш нема да се омажи, но нејзините синови Чаз(43) и Елија Блу(36) ја наговориле да се смири со Тим, и со тоа и ја вратиле вербата во љубовта и бракот.

Ова за Шер ќе биде трет брак.