Мени

Симона е најубавата Македонка за 2013

19.08.2013 07:11 | KumanovoNews

Симона Станковска (18) е новата Мис Македонија. Желба на скопјанката висока 175 сантиметри е да биде успешна балерина. Нејзино хоби е балетот.

Симона е најубавата Македонка за 2013

Симона доби убедливо најмногу гласови од жири-комисијата на овогодишен финален избор, што во организација на Модното студио „Црнокрак“ се оддржа во Дојран. Таа ќе ја претставува земјата на „Мис Глоуб“.

Прва придружничка е Христина Тончевска од Пробиштип, која сонува еден ден да биде одлична актерка. Тетовчанката Кристина Димитријевска пак е втора придружничка. Нејзино хоби е каратето, а сонува да биде капитен на фудбаласка репрезентација на Македонија.

Штипјанката Деспина Царева, една од најкоментираните финалистки на овој избор, се избори за титулата Мис публика. Тетовчанката Ана Трајковска беше избрана за Мис боди, скопјанката Мартина Димитрова за Мис шарм, а нејзината сограѓанка Ана Марија Таневска за Мис фото.Тетовчанката Анџела Трпевска пак се закити со титулата Мис фејс.

Факултетот за туризам и менаџмент на сите 14 финалистки им додели стипендии во вредност од по 6 000 евра, како и патување на првите три девојки.