Мени

Стартуваат „Денови на македонската музика“

28.03.2013 09:21 | KumanovoNews

Вечер во 20:00 часот со концерт на Македонската филхармонија насловен „Синтези“ свечено ќе биде отворена годинашната манифестација „Денови на македонска музика“.

Стартуваат „Денови на македонската музика“

Концертот ќе го води диригентот Борјан Цанев и ќе бидат изведени народни македонски песни аранжирани и оркестрирани од македонските автори Александар Џамбазов, Илија Пејовски, Живојин Глишиќ, Драган Даутовски, Кокан Димушевски, Тодор Трајчевски, Сони Петровски, Горан Начевски, Дамјан Темков и Мајкл Бакрнчев.

На концертот ќе бидат изведени бројни познати теми, меѓу кои: „Мори чупи Костурчанки“, „Кажи, кажи, либе Стано“, „Бор садила“ и други.

Манифестацијата „Денови на македонска музика“ се реализира под покровителство на претседателот на Република Македонија Ѓорге Иванов.