Мени

Сузана Гавазова ѕвезда на Рома-труба фест

05.09.2012 12:45 | KumanovoNews

 На Градскиот плоштад во Куманово, утре вечер во 19 часот ќе започнат седмите по ред дувачки средби „Рома труба фест 2012„.

Сузана Гавазова ѕвезда на Рома-труба фест

На манифестацијата ќе настапат најдобрите оркестри од Македонија и Србија, а гости на вечерта ќе бидат македонската фолк-пејачка Сузана Гавазова, Ферус Мустафов и Џамбо Агушев.

Сузана Гавазова ќе биде звезда на вечерта и ќе ја отпее ромската химна „Џелем, Џелем„ на отварањето на фестивалот, а потоа ќе има краток настап. Во натпреваручкиот дел ќе учествуваат оркестрите „Агушеви Џамбо„ и „Млади Агушеви„ од Струмица,оркестарот „Млади таленти„ од Штип, оркестарот „Уска Кан Кантуров„ Берово и оркестарот „Сергин Дурмишев„ од Штип. Тие ќе се натпреваруваат за најдобар трубач, најдобар тапанар, најдобар тубист, баритонист и оркестар- вели Самет Салиевски директор на фестивалот.

Во ревијалниот дел публиката ќе го проследи настапот на оркестрите од Србија „Синиша Станковиќ„ од Загужане и „Небојша Сејдиќ„ од Бојник.

Рома труба фест го организира Ансамблот на народни ромски песни и игри „Рушит Шакир„, под покровителство на Општината Куманово и Министерството за култура.