Мени

Тајзи и Скипи ја почнаа годината со „Љубов“

11.01.2013 13:51 | KumanovoNews

Дуото Тајзи и Скипи за празниците ја објавија својата најнова нумера насловена како „Љубов“.

Тајзи и Скипи ја почнаа годината со „Љубов“

За песната е планиран спот, па затоа сеуште песната немаше официјална промоција. Најверојатно песната и спотот ќе бидат промовирани заедно. Со „Љубов“ го најавуваме новиот албум кој би требало да излезе оваа лето. Имаме уште неколку добри нумери, не застануваме тука па може да кажеме дека најдоброто од нас допрва следува - изјави Тајзи.

Автор на текстот е кумановецот Драган Величковски - Тајзи, музиката е на Горјан Јовановски - Скипи а придужен вокал е Нина Јанева.