Мени

Тамара Тодевска со нова песна

27.06.2013 07:59 | KumanovoNews

Поп-пејачката Тамара Тодевска ја сними својата нова тема „Само сакам да“ - дело на композиторот и продуцент Бертан Аслани, а за текстот се погрижи познатиот рапер Тони Зен.

Тамара Тодевска со нова песна

Новата песна ќе биде промовирана и со видеозапис за кој се погрижи Владимир Дади Ивановски, со кој соработува и при визуализацијата на „Залудно е“.

Најмногу внимание при снимањето се посвети на квалитетната и врвна фотографија, како и на интересните костими што ги направија Ивана Kнез и Мила Kадриу. За шминката се погрижи Арменд Рамадани. Оваа тема е најава за нејзиниот нов албум. Во наредниов период ќе биде посветена и на концертните настапи. На 6 јули ќе настапи во дискотеката „Kолосеум“, а на сцената ќе ја придружуваат повеќе од осум музичари - велат од „Горила продукција“.

На овој концерт како специјални гости ќе се појават нејзините долгогодишни пријатели и соработници: Тони Зен, Влатко Илиевски и Роберт Билбилов.

Тамара го одбележа последното издание на „Макфест“, со изведбата на „Готово е“ . Настапи и на реномираниот „Скопски фестивал“ со „Залудно е“.