Тејлор Свифт освои најмногу награди на „Билборд“
22.05.2013 07:25
| KumanovoNews
Пејачката Тејлор Свифт беше ѕвезда на церемонијата на врачување на наградите на списанието „Билборд“, која се одржа во Лас Вегас
Свифт имаше 11 номинации, а доби осум награди. Меѓу нив беа за целосен изведувач на годината, кантри-изведувач на годината, за кантри-албум за „Red“ на годината и за кантри-песна за „We Are Never Getting Back Together“. Пејачката ја прослави победата со изведба на хитот „22“.
Мадона ја доби специјалната награда за најпрофитабилна турнеја за МДНА, која и донесе над 305 милиони долари од 88 концерти пред 2,2 милиони гледачи.
Принс ја доби наградата за музичка икона, младата ѕвезда Џастин Бибер освои три награди, меѓу кои наградата за највпечатливо музичко достигнување изминатата година.

