Мени

Текстописецот Огнен Неделковски со нова песна

09.08.2013 06:04 | KumanovoNews

На 21 август ќе може премиерно да се чуе новата песна „Споменар“ за која Неделковски самиот го напиша текстот, а ја компонираше Ване Ѓоргоски.

Текстописецот Огнен Неделковски со нова песна

Текстописецот Огнен Неделковски деновиве го оствари својот долгогодишен сон и сними песна.

Во студиото на Славиша Ќиброски, тој, заедно со неговиот другар од детството, Ване Ѓоргоски, ја снимија нумерата “Споменар”.

Темата ја компонираше Ване Ѓоргоски, текстот е на Огнен, а аранжманот го направи Славиша Ќиброски. Ване е музичар, кој долги години е дел од клупската сцена во Македонија, како дел од дуото „DEJA VU BAND”.

Како тоа звучи, премиерно ќе може да се види и слушне на 21 август, кога во состав на „Карпошовото лето“, до Карпата на Кејот на Вардар, со почеток во 20.30 часот, ќе се одржи “Вечер на Огнен Неделковски”.