Мени

Том Круз го потврди снимањето на „Mission: Impossible 5“

08.04.2013 08:37 | KumanovoNews

Актерот Том Круз официјално потврди дека во тек е снимањето на петтиот дел на филмот„Mission: Impossible“, но не откри детали поврзани за филмот, пренесува Digital Spy.

Том Круз го потврди снимањето на „Mission: Impossible 5“

Тој повеќе се задржа на причините за снимањето на филмот.

Почнав да работам на Mission: Impossible надевајќи се на многу продолженија, тоа  е лик со кој може да се каже дека пораснав-рече Круз.

Целата приказна почна во 1996 година, а по 17 години во реализација се очекува уште едно продолжение.

Во тоа време беше најскапиот филм на Paramount Pictures и првиот филм што го продуцирав, неверојатно е кога се гледа како публиката регира на филмот-додава актерот.

Тој не откри детали за содржината и локациите поврзани со новото продолжение, но изјави дека и покрај тоа што наполнил 50 години сè уште се чувствува добро кога снима акциони филмови.