Мени

Тоше Проески ќе добие улица во Сараево

19.04.2013 08:22 | KumanovoNews

Градоначалникот на Сараево Иво Комшиќ и амбасадорот на Македонија во БиХ Рами Реџепи се согласиле една улица, плоштад или дом на култура во градот да го носи името на трагично загинатата македонска ѕвезда – Тоше Проески.

Тоше Проески ќе добие улица во Сараево

Комшиќ и Реџепи се договориле дека тоа би било добро и корисно бидејќи Тоше бил хуманитарец и голем пријател на Сараево.