Мени

Траволта најави нови песни и филм со Оливија Њутон-Џон

17.01.2013 10:31 | KumanovoNews

Џон Траволта откри дека тој и Оливија Њутон-Џон можеби повторно да снимат нови песни, па дури и нов филм.

Траволта најави нови песни и филм со Оливија Њутон-Џон

„Брилијантин“ дуото минатата година пред божикните празници ја објавија празничната компилација „This Christmas“, на која се најдоа препеви на познатите божикни песни, но и новата песна насловена „I Think You Might Like It“.

Актерот изрази надеж дека ќе продолжи да работи со своите пријатели и оти секоја година ќе издава божикни песни, а можен е и снимање на божиќен филм или посебна телевизиска емисија.

Секоја година ќе се обидуваме да додадеме по неколку песни на ЦД-то, а потоа можеби и по едно видео секоја година. На крај ќе имаме една цела колекција, изјави Траволта.

На прашањето дали музиката ќе биде попратена и со филм, актерот додаде: „Може да се поврзе со божикната идеја... Можеби божикен филм или специјална божикна емисија“

Траволта откри дека неговата 12-годишна ќерка Ела и 2-годишниот син Бенџамин исто така сакаат да пеат.

Моите деца имаат склоности кон музиката. Се разбира, син ми има 2 години, па уште го нема развиено тој интерес, но ќерка ми е заинтересирана за повеќе музички инструменти, а воедно е и добра пејачка, изјави актерот.

Џон Траволта и Оливија Њутон-Џон постигнаа светска слава во 1978 година откако ги толкуваа главните улоги на филмската адаптација на мјузиклот „Брилијантин“.