Мени

Украина победи на детскиот Евросонг 2012

03.12.2012 09:09 | KumanovoNews

Анастасија Петрик (Anastasiya Petryk) од Украина освои 138 поени со нејзината песна „Небо“, а минатогодишниот победник Грузија се пласира на второто место со претставниците The Funkids, а на трето место се најдоа претставниците од Ерменија – Compass Band, кои освоија 98 поени.

Украина победи на детскиот Евросонг 2012

Во шоуто гостуваа и Ралф Макенбак, победникот од 2009 година, како и Рејчел, која минатата година го освои второто место за овогодинешниот домаќин Холандија.

Победничката на детскиот Евросонг 2012, Анастасија е 10-годишно девојче и е бескрајно благодарна за оваа победа. Интересно е тоа што нејзината постара сестра Викторија го постигна рекордот за најдобра позиција на Украјна на овој избор, кога во 2008 година заврши на второто место, а сега младата Анастасија постигна нов рекорд со победничката композиција „Небо“.

Победникот беше избран во комбинација од телефонското гласање, жири комисиите од цела Европа и специјално детско жири. Целосната листа според гласовите е следната:

    Украина – 138 поени

    Грузија - 103 поени

    Ерменија - 98 поени

    Русија – 88 поени

    Белгија – 72 поени

    Шведска – 70 поени

    Холандија – 69 поени

    Израел – 68 поени

    Белорусија – 56 поени

    Молдавија – 52 поени

    Азербејџан – 49 поени

    Албанија – 35 поени

Во продолжение погледнете ја Анастасија со победничката композиција „Небо“.