Мени

Ураганот Сенди ги спои светските ѕвезди

06.11.2012 09:24 | KumanovoNews

Бројни светски ѕвезди настапија на хуманитарниот концерт насловен „Ураган Сенди, доаѓаме заедно” кој се одржа со цел да се соберат финансиски средства за настраданите од невремето.

Ураганот Сенди ги спои светските ѕвезди

Џон Бон Џови, Брус Спрингстин, Стинг, Кристина Агилера се само дел од пејачите кои настапија на настанот на кој според телевизиската мрежа „НБЦ Универзал” се собраа околу 22 милиони долари.

Освен пејачите присуствуваа и актерите и телевизиските лица меѓу кои и Џејмс Гандолфини, комичарката Тина Феј, Вупи Голдберг, глумецот Џими Фелон и многу други.

Во ураганот Сенди животот го изгубија повеќе од 100 лица од 10 американски држави, а невремето предизвика голема штета.