Мени

Викенд со Мирко Попов во клуб Версај

28.05.2013 18:06 | KumanovoNews

Во сабота со почеток во 22 часот, кумановчани во ноќниот клуб Версај ќе имаат можност да се забавуваат со добро познатиот ди-џеј Мирко Попов од Пи-ем-џи рикордингс.

Викенд со Мирко Попов во клуб Версај

Сетовите на Мирко Попов освен во нашата земја, имале прилика да ги слушнат и љубителите на електронската музика во соседството, како и во најголемите клубови во светот.

Менаџерите на ноќниот клуб Версај за четврток и петок ги најавија ди-џеј Ајсберг кој веќе 11 години е присутен на EDM сцена и бендот Сешн Селекшн со своите неверојатни свирки за летната сезона.