Мени

Заводникот од Беверли Хилс денес глуми дрво

18.01.2013 10:22 | KumanovoNews

Иако по него воздивнуваа армија девојки на почетокот од ’90-те години, денес ситуацијата со Лук Пери е малку поинаква.

Заводникот од Беверли Хилс денес глуми дрво

Лук Пери во актерските води се прослави со улогата на ликот на Дилан МекКеј. Денес, овој ладен заводник каков што го знаеме од Беверли Хилс, глуми во серијата Raising Hope во која има улога на чудесно дрво.

Со оглед на тоа дека нема толку понуди за ангажмани како во деновите на врвот од неговата слава, Лук денес со двете раце ги прифаќа сите понудени улоги – макар и таква епизодна како што е оваа со дрвото. Поточно, Пери го глуми духот на стеблото.

И додека американските медиуми сметаат дека претставува голем пропуст што неговата кариера не се разви нешто посебно после славната улога во серијалот Беверли Хилс, познатиот актер ’тежи’ 20 милиони долари и живее прилично удобен живот во Холивуд.