Мени

Жерард Батлер одлучил да започне музичка кариера

20.08.2012 09:48 | KumanovoNews

Познатиот актер Жерард Батлер одлиучил да започне музичка кариера, а во подготовка на новиот албум ќе му помогне контраверзниот рокер Мерилин Менсон.

Жерард Батлер одлучил да започне музичка кариера

Како што пренесуваат американските таблоиди, Жерард почнал да се занимава со музиката кога пред неколку месеци завршил во болница за одвикнување од таблети. Во текот на терапијата одлучил да работи на својот прв албум. Жерард за помош најпрвин се обратил кај Џони Деп кој потоа го упатил кај актерот Џек Блек кој го има бендот  “Tenacious D”, и кај Мерилин Менсон, за да му помогнат при подготовката на албумот и снимањето на песните.

Деп и Менсон претходно соработувале на албумот “Born Villian” , каде актерот на албумот на Менсон отсвирел гитара во песната “You’re So Vain”.