Мени

Журка во клубот WIRE во Куманово

04.12.2012 12:25 | KumanovoNews

DNB Куманово  во петок организира уште една  drum n bass забава во клубот WIRE.

Журка во клубот WIRE во Куманово

Ќе настапат едни од најпознатите и најреномирани DJ-и на македонската drum n bass сцена, Tecktone, Hypertech и Дарко Степиќ.

Tecktone е DJ и радиоводител од Скопје, љубител на темната, длабока и моќна нишка на drum and bass музиката, по трет пат пред публиката во Wire.

Дарко Степиќ е еден од пионерите на dnb звукот во Македонија. Од 1994 година има настапувано на бројни фестивали и клубови, во Бразил, Швајцарија, Унгарија, Романија, Хрватска, Србија, Бугарија.

Hypertech e активен на сцената 10 години, еден од луѓето кои се виновни за присуството на drum n bass музиката на нашата сцена. Зад себе има настапи секаде низ Македонија и во  Романија, Бугарија, Србија и Косово.