Мени

1.4 милиони денари од општинскиот буџет за збратимените градови

19.05.2014 12:03 | KumanovoNews

Со 1.4 милиони денари од општинскиот буџет Куманово ќе им помогне на збратимените градови Јагодина, Горњи Милановац, Бања Лука и Бјелина.

1.4 милиони денари од општинскиот буџет за збратимените градови

Шлепери со вода, средства за лична хигиена, дезинфекција и ќебиња уште вечерва ќе тргнат кон градовите. Градоначалникот Зоран Дамјановски платата ќе ја донира за помош на настраданите во поплавите во Србија и БИХ, а претседателот на Советот, Максим Димитријевски ќе се откаже од паушалот.

Сите вработени во јавниот сектор, односно државни службеници во општината по своја желба ќе оделат дел од плата на посебна наменска сметка на Црвен Крст која ќе биде под контрола на локалната самоуправа. Од таа сметка кога ќе отпочне чистење и санација на домовите на оштетените ќе бидат или на самите општини уплатени пари или преку Црвен Крст ќе бидат набавени поликолори, дезинфициенси и се она што е потребно да се вратат во нормална состојба за живеење. Јас од мое име како пријател на овие градови донирам цела месечна плата за моите пријатели, а тоа го чинат и моите соработици некои целосно, некои 10 или 5 отсто. Со ова  град Куманово ќе собере над 15.000 евра - изјави Дамјановски.

Градоначалникот им се заблагодари на локалните фирми кои им понудиле пијалоци и средства за дезинфекција по набавна цена со што  ја покажале својата хуманост.