Мени

Делови од Куманово денеска без струја

05.06.2026 08:28 | KumanovoNews

Денеска без електрична енергија ќе останат повеќе делови од градот поради планирани интервенции на дистрибутивната мрежа.

Делови од Куманово денеска без струја

Од 08:30 до 14:30 часот, прекин во снабдувањето со електрична енергија ќе имаат корисниците на улиците „Иво Андриќ“, „Радоје Димиќ“, „Веселин Маслеша“, „Будимир Димковски“, „Милентие Поповиќ“, „Благој Пецкалија“, „Бранко Радичевиќ“, „Ратко Митровиќ“, „Михајло Пупин“, „30-ти Јули“, „Стево Филиповиќ“ и „Руѓер Бошковиќ“, како и објектот на ООУ „Христијан Карпош“.

Од 09:00 до 11:00 часот, без струја ќе останат дел од улиците „Илинденска“, „Кирил и Методиј“ и дел од улицата „Трета МУБ“, кај објектот „Рим Париз“. 

 Додека од 09:10 до 10:30 часот, прекин е најавен за делови од улицата „Доне Божинов“, населбата Прмакови Ниви, објектите спроти Спомен-костурницата, кланицата „Црн Бик“, Железничката станица Ново Куманово, Средорек, улицата „Јоско Илиевски“, спортскиот аеродром Аџитепе и фабриката „Феликс“.