1 мај - неработен за сите граѓани
28.04.2014 07:42
| KumanovoNews
Денот на трудот 1 мај се одбележува во четврток и тој ќе биде неработен за сите граѓани.
Министерството за труд и социјална политика соопштува дека, согласно со Законот за празниците на Република Македонија, 1 мај 2014 година - Денот на трудот е неработен ден за сите граѓани на Република Македонија.
Истовремено, Министерството за труд и социјална политика на сите граѓани во Република Македонија им го честита Денот на трудот.