Мени

10 невработени се обучија за чевларска работа

27.08.2013 13:54 | KumanovoNews

Преку Центар за вработување Куманово , односно преку обуките за дефицитарни кадри, 10 невработени кумановци се обучија за работа во чевларски фирми.

10 невработени се обучија за чевларска работа

Во просториите на СОУ „Перо Наков“ тие денеска добија уверенија за успешно завршената обука.

Лицата се обучени за составување на горен дел од обувки. Обуката се состоеше од два месеци настава во СОУ „Перо Наков“ и два месеци пракса во фирма за производство на чевли. Голема е веројатноста тие да засноваат работен однос. Од оние невработени кои досега ги посетувале овие обуки, 60 отсто се вработија во фирмите каде обавуваа пракса - вели Милорад Тренчевски, директор на Центар за вработување Куманово.

Оглас за обуки за дефицитирани кадри ќе има следната година.