Мени

“11 Октомври„ се подготвува за патронатот

07.10.2013 08:12 | KumanovoNews

 Основното училиште „11 Октомври„ во четврток ќе го прослави патрониот празник по 49-ти пат.

“11 Октомври„ се подготвува за патронатот

Под мотото “Со насмевка можеш“ учениците ќе подготват приредба, ритмички и музички точки на македонски и ромски јазик, ликовна колонија и други активности.

Ако ни дозволи времето ќе организираме “Игри без граници“ со помалите ученици. Во училиштето ќе бидат изложени победничките литературни творби. На приредбата ќе има модерен балет, класичен валцер, ориентален танц, музичка точка “Бабино бомбонче“, свечени ромски нумери, хумористична музичко - драмска изведба и други содржини- вели Александар Стефановски, професор по ликовно образование одговорен за приредбата.

Во училиштето и овојпат ќе биде поставен штанд со весели, оптимистички пораки. Приредбата ќе започне во 12 часот.