Мени

1200 граѓани дадоа подршка на Аман

25.12.2012 14:39 | KumanovoNews

 Над 1200 кумановци се потпишаа на петицијата на граѓанската иницијатива “Аман“ која преку предлог закон ќе бара поевтинување на струјата.

1200 граѓани дадоа подршка на Аман

Во просториите на ДИК граѓаните обично доаѓаат во претпладневните часови. Организираните групи на граѓани од политичките партии и стечајците поддршка дадоа на почетокот. Луѓето кои ги собираат потписите велат дека на просториите нема никаква ознака, но упорните се снаоѓаат бидејќи се засегнати со проблемот и сакаат да се потпишат.

 Многу е скапо, се покачија цените и дојдовме бидејќи бараме да се намали малку цената на електричната енергија. Тоа треба да се реши во Парламент во Скопје. На плоштад се собираме ние пензионерите и таму слушнав дека овдека луѓето се потпишуваат. Девет години сум пензионер, имаме покачување на пензијата, ама деца не ми работат. Ја укинаа евтината струја, правиме ручек, ручаме и толку - вели Перо Павловски, пензионер.

За граѓаните има обрасци на македонски, српски и албански јазик.