Мени

122 крводарители на екскурзија во Дојран

26.07.2014 11:55 | KumanovoNews

122 крводарители кои на последната вонредна летна акција даруваа крв во недела ќе одат на еднодневна екскурзија во Дојран.

122 крводарители на екскурзија во Дојран

Од Црвен Крст велат дека целта им е на ваков начин да ги мотивираат граѓаните да бидат хумани и да даруваат крв.

Доаѓаат и многу млади крводарители кои на училиште дарувале крв и сакаат да продолжат со истото. Ако на стандардни акции собираме по 30 единици крв, на вонредни летни акции има тројно повеќе одзив. Ова патување до Дојран не е награда, туку е мотивација - рече Иле Митковски, секретар на Црвен Крст Куманово.

Следната вонредна летна крводарителска акција е на 14 август и граѓаните кои ќе даруваат крв ќе добијат билет за Дојран.