13 сантиметри снег во Куманово
29.01.2014 08:58
| KumanovoNews
Во Куманово од вчера попладне до утринава наврнаа 13 сантиметри снег, информираат од Управата за хидрометеоролошки работи во Скопје.
Куманово е меѓу градовите со подебела снежна обвивка. На планините има повеќе снег. Денеска и утре не се очекуваат нови врнежи од снег - вели Костадинка Арсовска, синоптичар во УХМР.
Колку за споредба Битола има 9 цм, Претор 8 цм, Демир Капија и Дебар по 6 цм, Скопје 4 цм, Крушево 16 цм, Лазарополе 18 цм и Маврови Анови 21 цм.
Кумановци му се израдуваа на првиот поголем снег и синоќа масовно излегоа на прошетка по снегот, а децата се играа на него.