160 фирми електронски пријавуваат и одјавуваат работници
160 кумановски фирми почнале електронски да пријавуваат и одјавуваат работници, информираат од Фондот за здравствено осигурување.
Електронски пријавувањето и одјавувањето е многу полесно, овозможува поголема прегледност и контрола.
Фирмите треба да овластат лице или сметководител кои ќе ги спроведува електронските пријави во здравственото осигурување. Наместо да одат во подрачната единица на Фондот за здравство за било која промена на нивни вработен сега тоа може фирмите да го направат електронски, за 30 секунди без да ги носат здравствените легитимации на заверка.
Овластеното лице потребно е да има активна електронска здравствена картичка и да има креирано профил на веб порталот на ФЗОМ.
Електронското пријавување и одјавување работници е задолжително од 1 февруари, но засега само Струмица има над 20 отсто фирми кои истото го спроведуваат, Битола 12 отсто, а другите градови се со помал одзив.