17 деца-питачи тргнати од улица
Дваесетина деца секојдневно питачат по кумановскиуте улици. Седумнаесет од нив се тргнати од улица на почетокот од овој месец во акција на Министертвото за труд и социјална политика во соработка со МВР.
"Со децата и со нивните родители, екипите од Центарот за социјално работеа советодавно, опомените што им ги дадовме на родителите беа мошне ефективни. При последната акција не ги најдовме истите деца"-вели Елизабета Ангеловска од Центарот за социјални работи.
Дури пет од седумнаесте деца потекнуваат од исто семејство, а со нив питачеле и нивните родители. Центарот за социјални работи не поднел ниту еден предлог за одземање на родителско право, но тоа ќе го сторат ако уште еднаш ги најдат на улица.
Во рамки на државата во акцијата од улиците беа тргнати 50 деца питачи.