20 кумановчиња на бесплатно зимување
09.01.2014 14:41
| KumanovoNews
20 деца од социјално загрозени семејства од Куманово на 14 јануари ќе заминат на зимување на Пелистер.
Зимувањето ќе трае шест дена или пет полни пансиони е на товар на државата. За децата е обезбеден превоз до одморалиштето и назад, а додека трае зимскиот одмор тие ќе имаат едукативни, забавни и спортски содржини. На зимување ќе заминат деца од семејства корисници на социјална , постојана парична помош и посебен додаток.
Децата корисници на посебен додаток имаат право на придружник додека се на зимување.