20 патронажни сестри ќе ги посетуваат старите лица
19.11.2013 10:04
| KumanovoNews
Десет екипи составени од 20 патронажни сестри до крајот на декември ќе ги посетуваат старите и изнемоштени лица во градот и околината.
При тоа ќе треба да посетат 540 пациенти кои имаат посериозни здравствени проблеми.
Нашите екипи ќе одат кај хронично болните со цел да им дадат совети и терапија. Во руралните средини каде што достапноста до лабараториските анализи е потешка, носат апратчиња за проверка на шеќер во крвта. Се надеваме дека оваа акција успешно ќе заврши до месец декември. - вели Миомир Панковски, директор на Здравствен дом Куманово.
Секоја патронажна екипа дневно посетува најмалку 10 стари и болни граѓани.