216 кумановци запишале бизнис и администрација
24.07.2013 08:39
| KumanovoNews
На дисперзираните студии на Државниот тетовски универзитет во Куманово, во академската 2012 / 2013 година се запишале 216 кумановци на додипломски студии за бизнис и администрација.
Според соопштението на Државниот завод за статистика од тие 216 редовни се 213 студенти. Жени има 65 од кои 63 се редовни студентки. Мажи има 151 и од кои 150 се редовни студенти. Покрај студентите Албанците на овој факултет се почесто се запишуваат и Македонци.