23 деца сместени во интернатот во Драгоманце
Оваа учебна година 23 деца престојуваат во интернатот во с.Драгоманце и посетуваат настава во основното училиште “Христијан Т.Карпош“.
За разлика од претходните години кога во овој ученички дом без згрижени од 28 до 30 деца, оваа година бројката е намалена. Услугите на интернатот во Драгоманце ги користат децата од поодалечените села кои се наоѓаат на територија на Општина Старо Нагоричане и не се во можност секојдневно да доаѓаат на часови и да се враќаат дома.
Имаме ученици од селата Дејловце, Арбанашко, Буковљане, Мгленце и од Бељаковце кои од понеделник до петок се сместени во домот. За нив сместувањето е бесплатно, тие добиват по три топли оброци дневно, ужинка, имаат занимална, просторија за дневен престој, сала за пинг - понг, организирано им е времето. Вработени се 2 воспитувачки, и просторните капацитети ни се максимално искористени - вели Стојка Спасовска, директор на интернатот.
Интернатот се наоѓа во самиот двор на основното училиште “Христијан Т.Карпош“, а трошоците за згрижување на децата се на товар на државата.