Мени

23 отсто излезност во Општина Куманово

13.04.2014 12:12 | KumanovoNews

23 отсто од гласачите во Општина Куманово до 13 часот гласале, а ист е процентот на излезност и во Општина Старо Нагоричане, додека во Липково гласале само 3,7 отсто.

23 отсто излезност во Општина Куманово

Засега изборниот процес тече нормално, нема никакво нарушување на јавниот ред и мир. Досега од ниту еден граѓанин, од ниту една политичка партија нема поднесено ниту приговори, ниту забелешки. Се надеваме дека така ќе остане и во текот на целиот изборен ден - изјави Виолета Арсовска, претседател на Општинска изборна комисија.

Следни податоци за излезноста на гласачите ќе бидат соопштени по 17 часот.