Мени

275 болни ќе гласаат дома

23.04.2014 08:15 | KumanovoNews

275 болни во Општина Куманово во сабота ќе гласаат во домашни услови.

275 болни ќе гласаат дома

Од нив 266 гласачи ќе гласаат само за избор на претседател, а останатите 9 гласачи ќе гласаат само на предвремени парламентарни избори.

Од Општинската изборна комисија во Куманово информираат дека вкупно 90 избирачки одбори ќе спроведат гласање за болни лица.

Во првиот круг од претседателските избори во Куманово имаше 215 болни за гласање дома.