Мени

280 прегледи за утре закажани во Општа болница

29.11.2013 14:52 | KumanovoNews

Над 280 прегледи преку “мој термин“ ќе бидат реализирани утре во амбулантите при Општа болница Куманово.

280 прегледи за утре закажани во Општа болница

Се работи за специјалистички прегледи кои што требаше да се извршат во средата кога се садеа дрвца.

Од болницата велат дека се работи за стандардна бројка на прегледи, а сите пациенти преку медиумите веќе се известени дека тие се презакажани.

Утре е работен ден и освен закажаните ќе бидат примени и сите итни случаи.