3000 денари за подготовка на прваче
Oколу 50 евра им се потребни на родителите да го подготват своето прваче за на училиште.
Учебниците и оваа година ќе ги обезбеди државата, но за училишен прибор, ранец и работни листови се потребни од 2000 до 3000 денари.
Имаме ранци од 300, 500 па до 2500 денари. За работни листови се потребни околу 900 денари. По 2 тетратки за секој предмет темперни и водени боици и фломастери ќе чинат околу 500 денари. Децата добиваат списоци од учителките што треба да се купи и родителите доаѓаат да набават - објаснуваат книжарите.
Родители велат дека оние што имаат пари тоа не е скапо, но проблем е за семејствата што немаат редовни примања.
Јас купив една папка од 100 денари за моето внуче прваче. Претходно му купив мало ранче од 450 денари. Другото купија родителите. Кој има не му е скапо, кој нема пари скапо е - вели Благица Станковска, баба на прваче.
Од Министерството за образование пред стартот на учебната година соопштија дека нови учебници за децата од прво до трето одделение навреме се дистрибуирани до училиштата.