Мени

32 единици крв дарувани за еден час

30.07.2013 10:04 | KumanovoNews

 Само во првиот час од почетокот на крводарителската акција која ја организира СДСМ,  32 крводарители даруваа крв.

32 единици крв дарувани за еден час

Во акцијата се вклучија членови, симпатизери на партијата, но и граѓани кои редовно даруваат крв за да спасат нечиј живот.

Редовно давам крв. Хуман сум, сакам да дарувам крв. Досега 34 пати сум дарувал крв. На секои 4 месеци практикувам да дарувам крв.  На останатите кои не даруваат крв ќе им порачам дека е добро за здравје, не треба да се плашат, не е страшно, потребно е да се дава крв - вели Бобан Младеновски, крводарител.

Од СДСМ Куманово петта година по ред организираат крводарителска акција и велат дека зголемен е одзивот кај жените и младите крводарители.

 Горди сме што дадовме поттик на други партии и граѓански здруженија, работни организации и поединци да го следат нашиот пример и да даруваат крв за сите оние на кои што им е потребна. Со секоја следна крводарителска акција ние рушиме рекорди, веќе бројката од 100 единици крв ја надминавме и минатиот пат. И денеска воопшто не се сомневам дека ќе имаме успешна крводарителска акција. Доаѓаат и луѓе кои не членувале во СДСМ, но сакаат да даруваат крв. Ме радува што покрај гардата стари крводарители, доаѓаат и млади кои првпат даруваат крв - изјави Снежана Захариева, претседател на СДСМ Куманово.

Два пати годишно, по повод Илинден и по повод 16 март - Светскиот ден на крводарителите СДСМ организира крводарителски акции.