Мени

334 бебиња родени во Куманово

21.02.2014 13:51 | KumanovoNews

Во последниот квартал од 2013 година во Куманово се родени 334 бебиња, стои во соопштението на Државниот завод за статистика.

334 бебиња родени во Куманово

Во Крива Паланка се родени 43 деца, во Кратово 16, во Липково 95, во Ранковце 13 и во Општина Старо Нагоричане 11.

На ниво на држава бројот на новороденчиња во последниот квартал во 2013 во однос на истиот период во 2012 година е зголемен за 3,5 отсто.