343 деца родени во првото тромесечје во Куманово
21.05.2014 13:48
| KumanovoNews
343 бебиња се родени во првото тромесечје од годинава во Куманово.
Податоците од Државниот завод за статистика покажуваат дека во Кратово се родени 19, во Крива Паланка 53, во Липково 84, во Ранковце 3 и во Старо Нагоричане 13 деца во истиот период.
Во споредба со лани истиот период бројот на новороденчиња е зголемен за 4,4 отсто на ниво на држава.