3600 социјалци од кумановско ќе добијат дигитални рисивери
28.05.2013 09:48
| KumanovoNews
Околу 3600 корисници на социјална помош од кумановско-липковскиот регион, можат да подигнат бесплатни дигитални ресивери во Центарот за социјални работи Куманово, за да можат да ја следат дигитализираната телевизиска програма.
Досега дошле само околу 10 отсто од корисниците, а останатите ги очекуваме во наредниот период. Целта на оваа помош е корисниците на социјална помош да не прават дополнителни расходи од семејниот буџет за набавка на рисивери за дигиталната телевизија - вели Даниел Живачки, директор на Центар за социјални работи.
Од 1 јуни стартува дигитализацијата на телевизијата, а граѓаните кои веќе имаат кабловска телевизија немаат потреба од рисивери.