400 невработени кумановци поминаа мотивациски обуки
14.08.2014 13:16
| KumanovoNews
401 невработени кумановци од различни возрасни групи поминаа мотивациски обуки во Центар за вработување Куманово последниве месеци.
Тие се едуцираа како да се однесуваат на интервју за работа, вербална и невербална комуникација, како да бидат ефикасни, колегијални на работа и слично.
Имаше модул за права и обврски на работници и работодавачи. Основни, човекови права и специфични права. Имаше дел за финансиски вештини, за личен, севкупен развој. Ги советувавме на работа да дојдат навреме и да не му го “крадат“ времето на работодавачот бидејќи времето е пари - вели Даниела Арсовска, соработник за поддршка при вработување во Центар за вработување Куманово.
Истите обуки ќе се реализираат и во наредните два до три месеци.