Мени

42-ца кумановци заразени од шуга

02.05.2013 07:57 | KumanovoNews

  Од почетокот на годината четириесет и двајца луѓе побарале лекарска помош затоа што се заразиле од шуга.

42-ца кумановци заразени од шуга

Во Центарот за јавно здравје во јануари се откриени 4 заразени, во февруари 9, во март 17, а во април 12 заразени од шуга.

Лани се регистрирани 32 заразени граѓани од шуга во првите четири месеци, а во 2011 година за истиот период имало 49 заразени.

Шугата се јавува поради недоволна хигиена, а се пренесува преку директен контакт меѓу луѓето. Чешањето на кожата и појавата на красти  се симптомите по кои граѓаните можат да забележат дека имаат шуга. Оваа болест брзо се лечи со соодветна терапија.