Мени

43 кумановци отвориле сопствен бизнис

21.08.2013 12:31 | KumanovoNews

 Во првата половина од годинава 43 невработени лица од Куманово започнале сопствен бизнис преку програмата за самовработување со неповратни средства.

43 кумановци отвориле сопствен бизнис

Од Центарот за вработување велат дека постои голем интерес за овој проект.

Државата дава неповратни средства од 3.000 евра за опрема и репроматеријали. За оваа 2013 година се самовработиле 43 лица, а од вториот циклус се очекува барем 30 невработени да бидат поддржани со 3.000 евра. Тие 43 луѓе деновиве почнаа со регистрација на фирми - велат од Центар за вработување Куманово.

Од оваа институција објаснуваат дека почнувајќи од 2007 година па наваму на ваков начин се отворени многу приватни фирми кои успешно функционираат.