50 брачни двојки се венчале во ресторан
Во Куманово од почетокот на годинава 50 брачни двојки брак склучиле надвор од просториите на матичното.
Склучувањето на брак надвор од службените простории на Управата за водење на матични книги овозможено е со измените на Законот за семејство, а во практика почна да се применува од 22 март 2011 година. Интересот во секоја година е поголем за ваквиот начин на склучување на брак - вели Катерина Битровска, портпарол на Управа за водење на матични книги.
За граѓаните ова е интересен детаљ од свадбената церемонија.
Сум била на таква свадба. Ми се допаѓа регистрација во ресторан. Во денешно време младите имаат слобода да ги организираат свадбите по свој терк - вели Ивана Михајловска од Куманово.
Во останатите градови имало и двојки кои изразиле желба да се венчаат на отворено во природа, на брод, покрај езеро и слично.