Мени

50 евра казна за чување добиток во урбана средина

17.09.2013 08:50 | KumanovoNews

 Жителите од приградските населби Иго Тричковиќ, Перо Чичо, Карпош, Доброшане и Бараки се почесто поднесуваат пријави до инспекциските служби дека нивни соседи чуваат добиток и живина, иако тоа е забрането.

50 евра казна за чување добиток во урбана средина

Од инспекцијата велат дека тие редовно постапуваат по пријавите и ги опоменуваат и казнуваат прекршителите на забраната.

За чување стока во приградските населби се изрекуваат казни од 50 евра и доколку граѓаните не ја платат казната ќе мора да извршуваат општокорисна работа. Секаде каде опфаќа Генералниот урбанистички план не е дозволено одгледување на добиток и живина. На сопствениците им се укажува на прекршокот и доколку не постапат по наше укажување им се дава писмена опомена и рок во кој треба да го отстранат добитокот. - вели Верче Лазаревска, раководител на сектор за инспекциски надзор во Општина Куманово.

Таа објаснува дека казни изрекуваат и за сопствениците за домашни миленици, кои без ремен и корпа да ги изведуваат надвор.

Многу често даваме опомени, казнуваме и укажуваме на сопствениците на нивното несериозно однесување кон новиот закон.-додава Лазаревска.