50 крводарители ќе се вклучат во акцијата на ВМРО - ДПМНЕ
17.10.2013 10:55
| KumanovoNews
По повод 23 октомври - Денот на македонската револуционерна борба денеска во Центарот за култура “Трајко Прокопиев“, ВМРО - ДПМНЕ организира крводарителска акција.
Знаеме дека ВМРО отсекогаш била партија која е хумана и затоа оваа акција се организира во континуитет. Денеска очекуваме околу 40 до 50 дарители на крв да ја дојдат, што значи дека залихите на крв во Општа болница Куманово ќе се зголемат за 40 до 50 крвни единици - изјави Мирослав Стојановски, претседател на ОК на ВМРО - ДПМНЕ Куманово.
Оваа крводарителска акција е традиционална и од ВМРО - ДПМНЕ велат дека ќе продолжат да ја негуваат хуманоста како што тоа го правеле и досега.