549 склучени бракови и 39 разводи во Североисточен регион
24.02.2014 15:47
| KumanovoNews
Во последниот квартал од 2013 година во Североисточниот регион се склучени вкупно 549 бракови, а се развеле 39 двојки.
Според податоците на Државниот завод за статистика во Куманово се склучени 184 бракови, во Липково 104, во Крива Паланка 34, во Ранковце 11, во Кратово 9 и во Старо Нагоричане 7 бракови.
Во Куманово имало 23 разводи, во Липково 9, Крива Паланка 3, Кратово 2, и во Старо Нагоричане и Ранковце по 1 развод.
На ниво на држава зголемен е бројот на склучени бракови и разводи.